13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

LG ќе демонстрира 4K Bendable CSO гејминг дисплеј во текот на CES

Најчитани вести

Покрај неколку транспарентни OLED демо снимки, LG Display во текот на CES 2021 виртуелниот саем ќе прикаже и гејминг ориентиран концепт.

Станува збор за 48-инчниот „Bendable CSO (Cinematic Sound OLED) дисплеј“, кој може да ја менува формата помеѓу рамен и закривен екран. Идејата е  корисникот да може да ужива во гледањето видеа на рамен екран, а со притискање на копче, мониторот се префрла на закривен екран, со радиус до 1000 мм, за поимерзивен гејминг.

Cinematic Sound OLED користи 0,6 мм тенок филм стимулатор, што целиот OLED панел го претвора во звучник. Ова овозможува потенок монитор, а бидејќи аудиото пристигнува директно од екранот, тоа ќе ви овозможи поимерзивно гејминг и видео искуство.

Јужнокорејската компанија истакнува дека Bendable CSO мониторот поддржува варијабилни стапки на освежување од 40Hz до 120Hz, што е минимум за денешните гејминг монитори. Повеќе детали ќе бидат достапни во текот на CES презентацијата на дисплејот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести