23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

LG официјално потврди дека го гаси бизнисот со смартфони

Најчитани вести

Во текот на јануари имаше извештаи дека LG размислува да го напушти пазарот со паметни телефони, а сега тоа е и официјално. LG го нарече смартфон секторот исклучително конкурентен, а истакнува дека ќе продолжи да го продава постоечкиот инвентар на уреди, а потоа ќе се фокусира и на други бизниси како што се EV компоненти, поврзани уреди, паметен дом, роботика, AI и B2B решенија.

Производителот сугерира дека ќе продолжи да развива мобилни технологии, како што е 6G. Ова ќе биде дел од напорите за зајакнување на компанијата во останатите сегменти на бизнисот.

Иако LG дивизијата имаше проблеми во последните неколку години, беше задолжена за големиот број иновативни производи. LG G3 беше првиот телефон со QHD екран и имаше ласерски автофокус во 2014 година. Истата година го видовме и G Flex моделот, со закривен екран кој беше флексибилен и засилен. G Flex 2 потоа пристигна со помоќен процесор и задна страна од пластика, што можеше да ги поправа гребнатините.

LG G5 не беше претерано популарен, ниту фален во рецензиите, но имаше модуларен дизајн и бројни додатоци. Тука е и LG V10, кој имаше втор, помал екран за кратенки, известувања и друго.

LG истакнува декадо крајот на јули ќе заврши со затворањето и гаснење на својата дивизија со смартфонуи, иако е можно дека потоа ќе постојат залихи на уреди кои ќе бидат достапни во продажба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести