23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

LG ова лето ќе претстави четири UHD OLED UltraFine монитори

Најчитани вести

LG за време на CES 2021 саемот претстави нов 32-инчен 4K OLED UltraFine монитор. Овој монитор, заедно со уште три UltraFine дисплеи (27EP950, 32BP95E и 27BP95E) на пазарот ќе пристигне во текот на летото.

27EP950 и 32EP950 имаат слични спецификации, а единствената разлика е во големината на екранот (27 наспроти 32 инчи). Мониторите имаат 1.000.000:1 контраст, 250 нита типично и 540 нита максимално осветлување. Со 4K OLED екрани, мониторите покриваат 99% од DCI-P3 и Adobe RGB спектарот на бои. Мониторите пристигнуваат фабрички калибрирани и поддржуваат хардверска калибрација. На крајот, мониторите имаат и DisplayHDR 400 сертификат.

Моделите 27BP95E и 32BP95E имаат исти панели и спецификации како 27EP950 и 32EP950 моделите, но доаѓаат со самостојна калибрација, со сензор кој проверува дали постојат девијации на боите и автоматски го прилагодува мониторот во зависност од очитањат.

Сите четири монитори имаат два DisplayPort приклучока, HDMI порт, USB-C порт (90W), три USB-A порта и 3,5 мм приклучок. LG 32EP950 ќе има и KVM прекинувач, а не е познато дали ќе го имплементираат и други модели.

LG UltraFine 32EP950 пристигнува во текот на летото, по цена од 3999 евра, додека останатите три модели ќе имаат цени помеѓу 3000 и 4000 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести