20.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Lexus достигна два милиони продадени автомобили со хибриден погон

Најчитани вести

Од 2005 година наваму, возилата на Lexus ја поштедиле планетата од 19 милиони тони СО2. Големи најави за нови модели со приклучен хибриден погон и чисто погон на струја.

Продажбата на возила со хибриден погон на Lexus надмина два милиони примероци. Погонот со две срца е заштитен знак на луксузната марка на Toyota уште од првиот таков модел, RX400h од 2005 година.

Понудата од модели со хибриден погон на Lexus моментно опфаќа девет модели. Поточно, модели со хибриден и електричен погон, затоа што марката во меѓувреме стартуваше и со чист погон на струја и го нуди во гамата на компактниот кросовер UX, во моделот со ознака UX300e. Луксузната марка ги продава своите возила во околу 90 држави и региони ширум светот.

Во светски рамки, една третина од продажбата на Lexus лани ја сочинувале модели со хибриден погон. Сосем е различна ситуацијата во Западна и во Централна Европа, каде што од сто продадени возила во минатата година, дури 96 имаат хибриден погон.

Lexus до 2025 година ќе претстави 20 нови или преработени модели, вклучувајќи повеќе од 10 модели, меѓу кои чисто електрични возила, хибриди и приклучни хибриди. До средината на деценијава, марката ќе нуди модел со електромотор во погонот во целата своја гама. Се предвудува дека тогаш повеќе од 50% од продажбата на Lexus во светсот ќе отпаѓа на модели со електрифицирана погонска спрега.

Постигнувањето на двомилионската продажба беше повод за Lexus да најави дека во текот на оваа година ќе го претстави својот прв модел со приклучен хибриден погон, додека в година пристига комплетно нов модел што ќе се нуди само со електричен погон. Идните модели на Lexus со електрифициран погон ќе располагаат со погон на сите тркала Direct4 и со систем steer-by-wire, односно без механичка врска меѓу воланот и управувачката летва.

Вкупна продажба на возила Lexus со електрифициран погон до крајот на април 2021

Свет: 2,02 милиони примероци,

САД: 540 илјади примероци

Европа: 480 илјади примероци

Јапонија: 400 илјади примероци

Кина: 387 илјади примероци

Источна Азија: 138 илјади примероци

Останати: 74 илјади примероци

По модели:

RX · 518 илјади примероци,

ES · 384 илјади примероци,

CT · 372 илјади примероци,

NX · 285 илјади примероци,

UX/UXEV · 137 илјади примероци,

IS/LS/RC/LC и други во · 324 илјади примероци

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести