Home » Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да ја забрани надзорната расправа за Кочани

Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да ја забрани надзорната расправа за Кочани

by Журнал.мк

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши од „Вреди“, инструиран од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, прави институционален притисок врз претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – проф. д-р Димитар Апасиев од Левица, со крајна цел противзаконски да се блокира претстојната парламентарна Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, соопштија од политичката партија Левица.

Откако на Четвртата седница на Постојаната анкетна комисија, одржана на ден 17 јуни 2025 година, пратениците на бескрупулозната владејачка коалиција ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ решија свесно и злонамерно да ја бојкотираат Комисијата со која претседава Апасиев, останатите присутни пратеници – согласно Деловникот – во нивно отсуство донесоа правовалидна одлука (со 1/3 од вкупниот број полноправни членови), за одржување надзорна расправа во Собранието на тема: „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16 март 2025“.

Но, по ова – спикерот Гаши испратил интерен службен допис до претседателот на П.А.К. – проф. Апасиев со кој, пречекорувајќи ги своите ингеренции и прекршувајќи го Законот за Собранието, погрешно констатира дека Комисијата „немала првен основ да заседава“ и „не можела да донесува никакви одлуки“!?

Ова, слично како случајот со претходната надзорна расправа за аерозагадувањето, е уште еден очајнички обид на пратениците од корумпираната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ да добие на време и да проба да го амортизира народниот гнев на родителите на трагично загинатите деца во кочанската дискотека „Пулс“, саботирајќи го одржувањето на ваквата надзорна расправа за вака важна тема која, во моментов, е од највисок јавен интерес.

Бездушната вмровска власт се плаши од откривање на мафијашките рекатарски шеми и спрегите на своите корумпирани министри, началници, командири и инспектори – па не дава ниту да се спомне Кочани во македонското Собрание! Но, ние не застануваме тука и ќе ги употребиме сите правни мерки и инструменти кои ни стојат на располагање, како опозициска пратеничка група, ваквата важна расправа да се одржи согласно закон и деловник и, конечно, да се дознае вистината за Кочани. – велат од Левица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk