Home » Левица: Шверцерската реорганизација на државната управа да се тргне од дневен ред

Левица: Шверцерската реорганизација на државната управа да се тргне од дневен ред

by Журнал.мк

На денешната Собраниска Седница од новиот парламентарен состав, на дневен ред се најдоа измените во Законот за организација и работа на органите на државната управа. На предлог на пратеникот Христијан Мицкоски, ДПМНЕ уште на втората седница на Собранието на Република Македонија продолжува со старата пракса на носење закони по скратена постапка.

Законот за организација и работа на органите на државната управа, претставува системски закон и преку овие измени, се менува организацијата и работата на Владата и министерствата, чија работа има директно влијание врз милиони судбини.

Левица цврсто стои на ставот дека системските закони кои се од огромна важност и баш поради ова не смеат да бидат менувани по скратена постапка. Носењето на закони, чии текстови се менуваат на буквално неколку часа пред седницата е класичен шверцерат. Затоа, пратениците од Левица предложија оваа точката да се тргне од дневен ред.

За барањето на Левица точката да се тргне од дневен ред гласаа и пратениците на СДС.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More