Home » Левица подготвува интерпелација за Тошковски

Левица подготвува интерпелација за Тошковски

by Журнал.мк

Пратеничката група на Левица најави дека подготвува интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради, сериозни пропусти, прикривање на директно одговорни лица и селективно водење на истрагата за пожарот во Кочани.

– Свесно и тенденциозно се изоставаат од одговорност лица кои имале директна обврска да дејствуваат во моментот на трагедијата – вклучително и началничката на ОВР Кочани, началникот на криминалистичката полиција, главната инспекторка за економски криминал, сменоводителот на критичната вечер, како и други службеници од СВР Штип и Бирото за јавна безбедност. Посебно загрижува политичката поврзаност на дел од овие лица со владејачките структури, што отвора сомнежи за свесно прикривање и заштита – реагираат од Левица.

Постоечките пријави против објектот, отсуството на институционална реакција, нелегалната употреба на пиротехника, како и сомнителната „рација“ спроведена без учество на инспекциските служби, од партијата велат дека укажува на „свесен институционален пропуст со катастрофални последици“. Од Левица сметаат дека фактот дека постоела законска можност објектот да биде затворен, но тоа не било сторено, дополнително го потврдува сериозниот степен на неодговорност.

– Ќе инсистираме на целосна правда и неселективна одговорност – секој кој потфрлил, секој кој премолчел и секој кој свесно прикривал, мора да одговара. Трагедијата во Кочани не смее да остане без вистински виновници – порачаа од партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk