Home » Левица: Масовно труење на деца во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ во општина Аеродром. Од надлежните и општината молк за скандалот

Левица: Масовно труење на деца во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ во општина Аеродром. Од надлежните и општината молк за скандалот

by Журнал.мк

Во текот на вчерашниот ден во основното училиште ОУ „Ѓоргија Пулевски“ во општина Аеродром се случило масовно труење на децата од прво до трето одделение кои се хранат во училишната менза. Освен децата затруени се и повеќето од наставниците.

Денес во школото за овие класови наставата е прекината и не се знае кога ќе продолжи. За сега надлежните на чело со општината и директорот молчат и нема никаква реакција од нивна страна за да се запознае јавноста со овој скандал чија жртва се најмладите, односно децата од прво до трето одделение.

Потсетуваме дека фирмата „Стара Ванила“ која ја носи храната на доработка во училишната менза оваа година го зголеми износот што се плаќа за хранарина на децата за 10% во однос на лани.

Ја повикуваме општината и надлежните веднаш да го обелоденат овој скандал во јавноста и да ги повикаат другите надлежни институции да извршат истрага и да се најде што поскоро виновникот за масовното труење и да се бара соодветна казна за сторителот, се вели во соопштението на партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk