Home » Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

by Журнал.мк

Една од најголемите регионални ѕвезди Лепа Брена одржа концерт во родниот град Тузла. Очекувано, вечерта беше исполнета со емоции, а додека ја изведуваше песната „Немам друг дом“, Брена плачеше и не можеше да се смири неколку минути.

Емоциите очигледно беа посилни од неа, па пејачката плачеше неколку минути, а потоа го покри лицето со рацете. Во еден момент, нејзиниот придружен вокал ѝ пријде и ѝ ги подаде марамчињата.

Сепак, ниту тоа не помогна, па Брена продолжи да плаче додека салата одекна: „Брена, те сакаме!“

Како што емоциите стануваа сè посилни, во еден момент до неа притрчал еден член од тимот и ѝ донесе вода за да не ѝ се слоши. По речиси пет минути драма и емотивен набој, таа малку се смири, а потоа на сцената изведе вежба за дишење за да продолжи да пее.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk