Home » Лекот некогаш навистина чини „пет пари“: Растение кое со векови се користи против настинки и грип

Лекот некогаш навистина чини „пет пари“: Растение кое со векови се користи против настинки и грип

by Журнал

Бозелот е повторно актуелен бидејќи се покажа како добар сојузник од природата во борбата против инфекциите. Црните бобинки се богати со антиоксиданти и имаат антиинфламаторни својства. Најдобро време да го вклучите во исхраната е зимската сезона на вируси и настинки.

Бозелот се користи за медицински цели со векови, особено во Грција, Скандинавија, Португалија и Мароко. Тоа е едно од најчестите лековити растенија во светот и се користи во народната медицина за лекување на треска и ревматизам, ишијас, инфекции и друго. Денес суплементите најмногу се користат за лекување на настинка и грип, пишува health.com.

Бозелот се однесува на неколку сорти на дрвото Sambucus од семејството Adokaceae, a Sambucus nigra e најчесто користениот вид на бозелот и по потекло е од Европа. Цветовите на растението се претвораат во плодови – наречени бобинки.

Полн со витамин Ц
Една шолја содржи 52,2 mg витамин Ц, кој го штити имунитетот, спречува болести и помага во закрепнувањето на мускулите.

Има висока антиоксидантна моќ
Свежо исцедениот сок од бозел содржи многу антиоксидантни соединенија како што се протокатехуинска киселина и хлорогена киселина и разни фитонутриенти како што се флавоноидите кверцетин и рутин.

Флавоноидите имаат антиинфламаторно дејство и ги штитат клетките од оксидативно оштетување што може да доведе до кардиоваскуларни болести како што се Алцхајмеровата болест и деменција.

Го штити здравјето на срцето
Бозелот е богат со антиоксиданти, кои можат да помогнат да се намали воспалението, како и холестеролот и крвниот притисок. Може да помогне и во намалување на крвниот притисок со намалување на количината на уричната киселина во крвта. Откриено е дека покаченото ниво на урична киселина може да го предвиди развојот на хипертензија.

Го намалува воспалението и стресот
Антивоспалителните својства на бозелот можат да помогнат да се намали стресот и да се подобри расположението.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Консумирањето бозел може да ви помогне побрзо да закрепнете од респираторните заболувања. „Може да го намали времетраењето на настинката, како и инфекциите на горниот респираторен тракт и грипот“, зборува д-р Џонс.

Добар е за здравјето на дишните патишта и белите дробови
Бозелот содржи кверцетин, кој е флавоноид и антиоксидант познат по тоа што ја поддржува функцијата на белите дробови, особено ај оние кои страдаат од астма и хронична опструктивна белодробна болест (HOBP), објаснил д-р Џонс за health.com.

Студија објавена во „Biology“ открила дека бобинките на бозелот можат да ги ублажат симптомите кај луѓето со HOBP кога се комбинира со други соединенија. Сепак, потребни се многу повеќе истражувања за да се дадат конечни наоди за тоа како бобинката од бозелот помага при белодробните заболувања.

Богат со влакна, „пријател“ на цревата
Содржината на влакна во бозелот промовира здрави црева, лесно варење и силен имунолошки систем. Бозелот го подобрува здравјето на цревата со пребиотици, форма на влакна што ги храни пробиотиците, познати како „добри“ бактерии во цревата.

Една порција содржи приближно седум грама влакна, што е четвртина од препорачаната дневна доза.

Го контролира шеќерот во крвта
Бозелот може да им помогне на луѓето со дијабетес да го контролираат шеќерот во крвта. Фитонутриентите и полифенолите во црниот бозел му помагаат на телото поефикасно да ја обработува гликозата, што ја прави оваа бобинка корисна за управување со гликозата и за нејзино одржување во рамнотежа“, вели д-р Триста Бест за health.com.

Ги ублажува болките во грлото и кашлицата
Истражувањата покажале дека бобинката од црниот бозел го скратува времетраењето и сериозноста на настинките и грипот, како и симптомите на респираторна инфекција кога се консумира во облик на пастили или екстракт. Придобивките биле најголеми кога учесниците ја зеле бобинката од бозелот во рок од 48 часа од развивањето на симптомите.

Го чува здравјето на кожата
Антиоксидантите го намалуваат оксидативното оштетување во телото што може да доведе до оштетување на кожата, со што се одржува здравјето и младоста на кожата.

Нутритивни вредности на бозелот
1 шолја бозел содржи:

Калории: 106;

Протеини: 1 гр;

Влакна: 10 гр.

Масти: 0,7 гр;

Јаглехидрати: 27 гр;

Витамин А: 870 мг;

Калиум: 406 мг.

Витамин Ц: 52,2 мг;

Калциум: 55 мг;

Железо: 2,32 мг.

Ризици и несакани ефекти
Задолжително згответе ги сировите бобинки од бозел пред да ги изедете. Јадењето сирови бобинки може да ве изложи на ризик од труење со цијанид, што предизвикува гадење, повраќање и дијареја. Токсичните својства на бозелот исчезнуваат со варење на 80 Целзиусови степени.

Избегнувајте да ја јадете кората, листовите и семките од бобинките доколку имате чувствителен стомак или некоја гастроинтестинална патолошка состојба.

Умереното консумирање е добро, сè додека ги јадете варени – уште еднаш да напомнеме дека бобинките никогаш не треба да се јадат сирови.

Не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар пред да вклучите додатоци од бозел или суплементи на база на црн бозел во вашата исхрана.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More