Home » Лекарската комора се уште не излезе со конкретна одлука за двајцата лекари по смртта на 14-месечното бебе

Лекарската комора се уште не излезе со конкретна одлука за двајцата лекари по смртта на 14-месечното бебе

by Журнал.мк

Пред две недели Лекарската комора доби инструкции од Министерството за здравство за конкретни мерки во случајот со смртта на 14-месечната Рија Сулиси. Но, до денес нема конкретна одлука. Од Лекарската комора ни рекоа дека случајот сега го разгледува Судот на честа, кој е во рамките на Лекарската комора, кој треба да утврди дали има повреда на лекарскиот кодекс.

Колку долго ќе трае постапката за разгледување на извештаите на надлежните институции во врска со случајот со смртта на бебето, останува нејасно.

„По добиените упатства за постапување од Министерството за здравство и консултациите направени во рамките на Комората, одлучено е да се свикаат органите кои се дел од Судот на честа, кои ќе треба да утврдат дали во надзорниот извештај за стручната работа на Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника Козле, за лекување и третман на детето , има елементи на прекршување на Лекарскиот кодекс“, велат од Лекарска комора.

Министерот за здравство Арбен Таравари пред две недели изјави дека е свесен за професионална грешка, но не смета дека лекарите кои го направиле пропустот треба да бидат казнети или отпуштени.

Пред еден месец почина 14-месечното бебе Рија Сулиси. Од извршените проверки од страна на Здравствениот санитарен инспекторат и Комисијата формирана од Министерството за здравство за стручен надзор, потврдено е дека бебето поради тешката здравствена состојба неколку дена било препраќано од клиника на клиника и не било хоспитализирано, но и покрај здравствената ситуација, е пуштено на домашно лекување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk