Home » Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат

Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат

by Lina Muslija

Честопати се зборува за предностите на витаминските суплементи како важен чувари на здравјето. Меѓутоа истражувањата покажуваат дека витамините во облик на додатоци на исхраната не се секогаш ефикасни во превенцијата на болестите, како што се срцевите заболувања или проблемите со или проблеми со циркулаторниот систем и може да направат повеќе штета отколку корист доколку се консумираат неконтролирано.

Многу лекари го споредуваа купувањето на таквите додатоци на исхраната со фрлање на пари, тврдејќи дека вишокот витамини едноставно се исфрла од телото преку урината.

Витамините се есенцијални за правилно функционирање на организмот, но додатоците на исхраната не се секогаш најдобро решение за внес на витамини. На пример, витаминот Е, кој е клучен за здравјето на имунолошкиот систем, најдобро е да се внесува по пат на природни извори како што се семките од сончоглед, јаткасти плодови и брокула. Истражувањата покажаа дека синтетичката форма на витамин Е може да ги изгуби своите корисни својства кога се консумира во големи количини и може да има несакани ефекти.

Вишокот витамин А може да биде токсичен

Витаминот А, важен за здравјето на видот и коските, претставува уште еден пример на витамин кој може да биде штетен доколку се консумира во прекумерни дози. Човековото телото има тенденција за складирање на витаминот А, поради што прекумерниот внес може да доведе до проблеми со црниот дроб, а дури може да влијае негативно и врз развојот на фетусот кај бремените жени. Се препорачува витаминот А да се внесува преку намирници како што се морковот и темнозелениот лиснат зеленчук, каде се наоѓа во облик на бета – каротен којшто телото полесно го регулира.

Научните анализи откриваат дека внесот на витамини во форма на додатоци на исхраната може да има негативни ефекти, бидејќи повеќето суплементи немаат контролирано дејство, а честопати телото не може да ги искористи на вистинскиот начин. Тие понекогаш дури можат и да ја попречат апсорпцијата на останатите важни, хранливи материи или да предизвикаат интеракција со лековите, пишува „Индекс.хр“.

И покрај тоа што витамините се неопходни за здравјето, најдобро е да се внесуваат преку урамнотежена исхрана која ќе вклучува овошје, зеленчук, здрави масти и житарки со целовити зрна. Пред да почнете да консумирате додатоци на исхраната се препорачува консултација со лекар или нутриционист за да се утврди дали навистина имате потреба од одредени витамини или минерали

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk