Home » Лекарите се уште се борат за животот на тројцата повредени при падот на настрешницата во Нови Сад

Лекарите се уште се борат за животот на тројцата повредени при падот на настрешницата во Нови Сад

by Журнал.мк

Лекарите се уште се борат за животот на трите лица кои на 1 ноември беа тешко повредени на железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница.

Состојбата на повредениот млад човек Ц.В. (18) и две девојчиња М.Т. (24) и Р.А. (23) се уште е многу тешка.

„Сите пациенти се во многу тешка здравствена состојба. Секој ден, неколку пати во текот на денот, се среќава мултидисциплинарен консултативен тим од лекари за да донесе одлука за понатамошно лекување“, велат за Дневник од Универзитетската болница во Војводина.

Да потсетиме, во петокот при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени. Погребани се сите 14 жртви од тешката трагедија што ја погоди Србија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk