Home » Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници

Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници

by Журнал.мк

Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше Никола Костадинов физијатар на Одделението за Физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Тој истакна дека со македонските тимови работеа со сертифициран тим од доктори специјализирани за тренинг рехабилитација на пациенти со изгореници. Лекарите и медицинскиот персонал се ангажирани за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Обуката беше интензивна и сакам искрено да се заблагодарам на докторот и неговиот тим за несебичното помагање во стекнување на знаење, искуство и вештини во областа на рехабилитација на изгорениците, рече Костадинов.

Тој додаде дека по добиентите сертификати, обучените лекари и медицински персонал освен што се вклучени во рехабилитација на повредените во двете болници ќе можат и тие да вршат обуки и да го пренесуваат знаењето на своите колеги. Костадинов вели и дека тимовите можат бидат ангажирани било каде во светот доколку има вакви несреќи и повредени. Инаку на Одделението за Физикална терапија во Штип се рехабилитираат тројца пациенти кои се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, а од утре ќе им пристигнат уште неколку пациенти.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk