Екипата на Феенорд во осминафиналето на Лигата на шампионите и продолжението од сезоната ќе влезе со нов тренер. По заминувањето на Брајан Приске тимот привремено го водеше Паскал Бошкарт, а со него на клупата тимот успеа да го исфрли Милан од елитното европско натпреварување.
Нов тренер на Феенорд ќе биде Робин Ван Перси. Холандската легенда досега го водеше Херенвен, меѓутоа сè е договорено за преземање на клупата на клубот од Ротердам. Ван Перси си подал рака со челниците на Феенорд и се очекува да биде промовиран во наредните денови, а ќе го води тимот во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Инаку, Робин Ван Перси е легенда на овој клуб и токму на „Де Кајп“ ја започна и заврши кариерата. По Феенорд тој играше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Фенербахче и сезоната 2018/19 му беше последна во холандскиот клуб.