Home » Легендарниот Коларов го наследи Друловиќ на клупата на Србија У21

Легендарниот Коларов го наследи Друловиќ на клупата на Србија У21

by Lina Muslija

Поранешниот српски репрезентативец Александар Коларов е нов селектор на селекцијата до 21 година во оваа земја.

На селекторското столче легендата доаѓа на местото на поранешниот селектор на Македонија, Љубинко Друловиќ, кој ги водеше младите „орли“ во изминатите години. Коларов парафира двегодишен договор со Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

„Благодарност до ФСС за повикот на оваа многу одговорна функција. Едвај чекам да почнам да работам, веќе јас и стручниот штаб почнавме да скаутираме играчи и да се подготвуваме за работата со момчињата“, прокоментира Коларов.

Коларов беше репрезентативец на Србија од 2008 до 2020 година, долгогодишен капитен и собра 94 настапи.

Сега авантурата како селектор на младинскиот тим ќе ја започне со ноемврискиот циклус.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk