Home » Легенда на Црвена Звезда остана без возачка – возел пијан!

Легенда на Црвена Звезда остана без возачка – возел пијан!

by Lina Muslija

Екс-фудбалерот на Црвена Звезда и романски репрезентативец, Миодраг Белодедиќ бил приведен во Букурешт откако полицијата го фатила како управува со возило во алкохолизирана состојба.

Медиумите во Романија ја објавија веста, а набрзо и самиот Белодедиќ ја призна грешката.

„Бев запрен по една забава во ресторан. Си заминав окол утри часот по полноќ. Полицијата возеше позади мене со ротација околу 100 метри. Јас испив два пијалока со другарите на тестот покажа дека имам 0.08 промили алкохол. Секако, тоа е прекршок, па ми ја одземаа возачката дозвола на 90 дена“, изјави Белодедиќ.

Белодедиќ во својата играчка кариера освои две титули во поранешниот Куп на европски шампон. Едната ја освои со Стеауа, а другата со Црвена Звезда.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More