Градбите во Македонија се квалитетни, иако некаде има пропусти поради кои безбедноста не може целосно да се гарантира, вели експертската фела. Потребно е континуирано одржување и техничка контрола. Најголем проблем кај нас, според експертите, се дивоградбите и легализираните објекти за чии проекти, но и за начинот на градење нема податоци.
Експертот Михаил Гаревски, пак, смета дека, споредено со регионот, во Македонија се гради најсигурно поради стандардите воведени по земјотресот.
Безбедноста и квалитетот на градбите зависи од сите ангажирани субјекти во градењето: проектантите, ревидентите, изведувачите и надзорот, односно контролата.
Надлежните да не чекаат и да се фатат за работа и да ги испитаат сите градби, особено оние каде има најголема фреквенција од луѓе, оти таму се јавуваат и најголемите проблеми.