7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Лефон: Дали Македонија ќе добие датум во март или мај зависи дали разбрала што им е важно на земјите членки

Најчитани вести

Европската комисија треба да ја претстави новата методологија во јануари, а идеално би било во март таа да се усвои од членките на ЕУ. За датумот треба да бидеме флексибилни, а дали тоа ќе биде март или мај зависи од тоа дали ќе следат јасни сигнали дека Северна Македонија разбрала што им е важно на земјите членки, вели во интервју за МИА Франсоа Лефон, советник на вицепремиерот за европски прашања, испратен од Француската влада.

Според францускиот експерт кој живее и работи во Скопје, новата методологија треба да донесе поголема извесност на процесот на пристапување, односно отворањето на преговорите да води до членство во ЕУ .

– Нема причина да почнете преговори и да кажете: „Нема проблем, нека потраат 10-15 години, не е важно.“ Важно е. Затоа што ја поткопувате способноста на ЕУ да го почитува предлогот и надежта на народот. Отворањето преговори треба да значи дека ќе бидете член на ЕУ, а не само да се отворат колку да се рече: „Добро, одиме полека, 10-15 години, не ни е гајле.“ Тоа не е целта на новата методологијa. нагласува францускиот експерт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com