Home » Лефков: Влада на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат

Лефков: Влада на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат

by Журнал.мк

Владата на СДС и ДУИ набавувала милионски софтвери кои не се користат, а се платени. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, изготвен во 2023 година се вели дека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација. Но, за дел не добиле документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се 9.5 милиони евра народни пари потрошени за софтвери, од кои според ДЗР дел воопшто и не се пуштени во употреба.

9.5 милиони евра се пари со кои можеле да се направат 9 градинки, наместо истите да се фрлат за софтвери кои нема да се користат.

Со 9.5 милиони евра можело да се набават 200 амбулантни возила или 100 противпожарни возила. Но наместо во неопходни средства и ресурси за државата СДС и ДУИ парите ги фрлале на тендери за софтвери кои никогаш и не профункционирале.

Неодговорното однесување веќе е минато и никогаш не смее да се повтори, додава Лефков.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk