Home » Лефков: Пендаровски велеше да не се користат државни ресурс за партиски цели, а сега тој ги злоупотребува за претседателската кампања

Лефков: Пендаровски велеше да не се користат државни ресурс за партиски цели, а сега тој ги злоупотребува за претседателската кампања

by Журнал.мк

Стево Пендаровски велеше дека не смее ниту еден државен ресурс, дури и најмалиот да биде употребен во неговата кампања, за на крај лично тој да ги злоупотребува, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Пендаровски лично злоупотребува државни ресурси во трката за претседател. Стево Пендаровски спротивно од тоа што го тврдеше се појавува на владини настани во изборен период, со чија организација нема никаква поврзаност. Стево Пендаровски се вози со државен автомобил до партиски штабови за партиски состаноци, иако велеше дека тоа нема да го прави. По примерот на Пендаровски работи цело СДС. За потребите на Пендаровски, вицепремиерот Маричиќ злоупотреби службено возило за да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, вели тој.

Лефков посочи дека Стево Пендаровски едно зборува, друго прави.

-Стево Пендаровски ги злоупотребува државните ресурси за партиски потреби. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, истакна тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More