Милан ги освои трите посакувани бода на средбата во Братислава против Слован, но фаворитот мораше добро да се испоти и да вложи труд за да дојде до славјето од 3-2.
„Росонерите“ мораа да додадат гас во второто полувреме, да го внесат во игра Рафаел Леао кој направи разлика, постигна гол и на крајот беше прогласен и за играч на натпреварот. Португалецот на уште еден меч во актуелнава сезона не беше стартер и тоа не му се допаѓа иако по средбата порача дека ќе прави се што е во корист на екипата, ама јасно е дека не му е сеедно и тоа ја покажува и пораката на Инстаграм.
– Напредокот е невозможен без промени, – порача офанзивецот кој во актуелнава кампања има одиграно 16 средби за „црвено-црните“ со учинок од 4 погодоци и 5 асистенции.