Како што објави доверливиот Шамс Чаранија, момчето од Пенсилванија кое игра како крило (2,03 м) ќе потпише т.н. two way договор кој му овозможува да игра во НБА и Џи лигата. Ваквите договори често служат како отскочна даска за помладите играчи на патот кон првиот тим, па се чини дека Диксон ќе бара шанса и преку Развојната лига.
Со 23,3 поени по натпревар и импресивен шут за 3 поени (41%), Диксон го привлече вниманието кон себе во колеџ кошарката минатата сезона. Неговите таленти не останаа незабележани, и покрај фактот дека не се снајде добро на драфтот, најдобриот стрелец во НЦАА лигата сепак доби место во НБА.
Сите тројца добија Exhibit 10 договори – т.н. 10-дневни договори, по што ќе се обидат да заработат постојано место во составот. Дури и ако тоа е преку Развојната лига…