Home » Лејди Гага ќе настапи бесплатно пред 1,6 милиони луѓе

Лејди Гага ќе настапи бесплатно пред 1,6 милиони луѓе

by Журнал.мк

Американската поп-икона Лејди Гага ќе настапи вечерва на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро на бесплатен концерт за кој се очекува да привлече повеќе од 1,6 милиони луѓе и да биде еден од најголемите во нејзината кариера.

Рио де Жанеиро организира бесплатни настани со светски ѕвезди како начин да ги наполни хотелите, баровите и рестораните кои се борат со економската криза во последните години, објави Ројтерс.

Настапот на Мадона на истата плажа пред една година, исто така, привлече 1,6 милиони луѓе од целиот Бразил и беше најголемиот настап во живо во нејзината децениска кариера. Официјалните лица велат дека настапот на Лејди Гага, закажан за 21:45 часот. по локално време, би можело да привлече уште повеќе луѓе.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk