Home » Лажни се мејловите со наводен потпис од таткото на Муцунски, министерот најави кривична пријава

Лажни се мејловите со наводен потпис од таткото на Муцунски, министерот најави кривична пријава

by Журнал.мк

Ѕвонко Муцунски е дипломат од 1988 година. Муцунски го има добиено службеничкото звање во 2001, додека дипломатскиот статус во 2016 година од тогашниот министер Никола Попоски. Доколку е прашање за конфликт на интерес, треба да биде поставено до екс-министрите Попоски и Срѓан Керим. Жалам што се создава пракса да се зборува за семејство, рече министерот за надворешни работи одговарајќи ѝ на Славјанка Петровска од СДСМ која го праша дали татко му е негов советник.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе поднесе кривична пријава во врска со лажните мејлови кои се појавија на социјалните мрежи кои наводно биле потпишани од таткото на министерот Тимчо Муцунски до вработени во министерството.

Ова го најави Муцунски на денешната собраниска седница во одговор на пратеничко прашање од Славјанка Петровска од СДСМ велејќи дека мора да се истражи кој објавува лажни информации.

– Добро е секогаш да се проверуваат информациите – одговори Муцунски на прашањето дали неговиот татко, поранешен дипломат, е негов советник.

Министерот исто така ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за неговиот татко, со цел, како што кажа, да се утврди дали има злоупотреба или конфликт на интереси и за да се зачува интегритетот на семејството Муцунски.

– Ѕвонко Муцунски е дипломат од 1988 година. Муцунски го има добиено службеничкото звање во 2001, додека дипломатскиот статус во 2016 година од тогашниот министер Никола Попоски. Доколку е прашање за конфликт на интерес, треба да биде поставено до екс-министрите Попоски и Срѓан Керим. Жалам што се создава пракса да се зборува за семејство. Жалам што сега го споменувате мојот татко кој не погрешил ниту навредил некого – рече Муцунски на прашање за дипломатската активност на неговиот татко.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk