По убиството на младата Емилија во Штип група граѓани собираат финансиски средства, донации за нејзиниот погреб. Но, таткото Слободан вели ваквите донации се лажни. Тој нема побарано пари од граѓаните, ниту пак побарал донации за погребот на неговата ќерка.
„Ниту имам кажано да се донира, ниту сум барал помош од некого. Јас колку имам толку, сам ја погребав мојата ќерка, немам потреба некој да собира средства за мојата ќерка. Тоа некој сака за него да си собере пари. Таткото е сиромав, да ама јас немам потреба од собирање на финансиски средства.“ – вели Слободан.
А, неколку дена по смртта, вели животот е тешок. Секојден оди на гробишта, пали свеќа, но болката за загубеното чедо не ја намалува ништо.
Емилија Пешева беше убиена во близина на сопствениот дом во петокот вечерта.