Home » Лажна продажба на имот во Тетово: Како 57-годишник остана без 74.000 евра и со празни раце

Лажна продажба на имот во Тетово: Како 57-годишник остана без 74.000 евра и со празни раце

by Журнал.мк

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.С.(57) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Во текот на 2021 година, пријавениот со лажно прикажување на факти со 57-годишник од друго тетовско село се договориле заеднички да купат недвижен имот во атар на с.Шипковица, тетовско, за сума од 74.000 евра. Откако на Х.С. му дал половина од парите и полномоштво да среди службена документација, 57-годишникот заминал на привремена работа во странство. По некое време, од Х.С. тој ја побарал документацијата од купопродажбата, но добил одговор дека нема никаква документација, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk