Home » Лажна е дојавата за бомба во Народна банка

Лажна е дојавата за бомба во Народна банка

by Журнал

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје.

-Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите, а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен, велат од МВР.

По денешната добиена пријава, како што информираат од МВР, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

-Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, посочуваат од Министерството.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More