Home » Лазаров во 24 анализа: Секој раст на економијата и на платите е чекор поблиску до приближување на европската економија

Лазаров во 24 анализа: Секој раст на економијата и на платите е чекор поблиску до приближување на европската економија

by Журнал.мк

Универзитетскиот професор Дарко Лазаров, во 24 анализа рече дека животниот стандард на една држава се гради со години.

Според него, еден од клучните проблеми на македонската економија е што не може да има економски раст како растот на ЕУ.

„Ако ја погледнеме инфлацијата од мај и ја споредиме со претходните 4 месеци ќе видиме дека овој процент од 3,3 е понизок од просекот од овие 4 месеци. Ако споредиме со последните два месеци има мало зголемување од мали процентни поени. Во економијата има поим приближување на животниот стандард во Македонија кон тој на ЕУ. Единствен начин е ние да растеме со повисоки стапки и значи дека секој раст на економијата и на платите повисоко од тој на ЕУ ќе значи приближување. Еден од клучните проблеми на македонската економија е што не може да има економски раст како оној на ЕУ. Животниот стандард не се гради во рок од една – две години, се гради долго време. Стандардот во ЕУ е таков каков што е поради добрите политики во изминатите 30 години“, рече Лазаров.

Тој зборуваше и за тоа дека ако го споредиме нивото на странските директни инвестиции годинава со 2022 и 2023 ќе забележиме дека е речиси исто.

„Во бруто инвестициите има зголемување затоа што има динамика во реализација на јавните инвестиции. Вториот сегмент во однос на директните странски инвестиции е ако се спреди 2023 и 2022 ќе видите дека нивото сега е ист со овие две години. Основата со која се споредуваме е висока. Ако се погледне структурата на инвестициите повеќе од 70% се инвестиции во нисоко и високо градба. Ние немаме инвестиции во машини и технологија. Втор момент што е важен е како инвестициите ќе влијаат врз БДП. Од една страна се позитивни а од друга страна да не заборавиме дека сме увозно зависни и технолошко и капитално“, додаде Лазаров.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk