Home » Лавров: Западните земји почнуваат да сфаќаат дека ќе остане само дел од Украина

Лавров: Западните земји почнуваат да сфаќаат дека ќе остане само дел од Украина

by Журнал.мк

Западните земји почнуваат да сфаќаат дека ќе остане само дел од Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со младите од Белорусија.

– Кога нашата специјална воена операција започна по 10 години по пучот, кога Путин и сите ние се обидовме да му објасниме на Западот дека оди во погрешна насока, поддржувајќи го овој нелегитимен режим, па дури и внесувајќи го НАТО почнаа да ни велат: „Ви рековме дека Украина требаше да биде примена во НАТО“. Тоа беше нивната порака – рече Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата изјави дека „сценаристите од Запад“ во меѓувреме сфатиле што се случува на фронтот и дека сега велат „ајде да престанеме сега и да го прифатиме овој дел во НАТО“, додека во исто време одлучиле да ѝ дадат уште 10 милијарди долари воена помош на Украина.

Лавров смета дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се плаши од рускиот одговор на употребата на ракети со долг дострел длабоко на руска територија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk