Home » Лани загинале 17 лица на работно место

Лани загинале 17 лица на работно место

by Журнал

Минатата година, на работно место загинале 17 лица, информираше денеска Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа.

Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога на работа загинале 12 лица. Но, Томовска потенцира дека во 2019, 2020 и 2021 година, бројот на загинати лица бил 17, односно ист како и лани.

„Бројот на колективни повреди во 2022 година бил 15, што е повисок од бројот на повреди во 2023 година. Ова зголемување на бројката на несреќи со смртни последици е резултат на тоа што сè уште треба да се работи на подигнување на свеста кај работниците за носењето на личната заштитна опрема, посебно кога станува збор за ризичните дејности, односно градежништво, каде што најчесто се случуваат несреќите со смртна последица“, изјави директорката на ДИТ.

Според неа, треба да се обрне внимание на почитувањето и на спроведувањето на мерките за безбедност и здравје при работа од страна на работодавците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More