Home » Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал

Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал

by Журнал.мк

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) апелира за подобра заштита на радиоактивниот материјал за време на транспортот, бидејќи се евидентирани голем број загуби или кражби.

Минатата година, 31 земја пријавиле вкупно 168 случаи на кражба или губење на радиоактивен материјал.

Ова го соопшти МААЕ во понеделникот, на почетокот на конференцијата за нуклеарна безбедност во Виена. Овие бројки се во согласност со долгорочниот просек. Од 1993 година, кога почнаа да се собираат овие податоци, има повеќе од 4.200 такви случаи.

МААЕ, агенција на Обединетите нации, соопшти дека повеќе од половина од кражбите и загубите се случуваат за време на транспортот. Често се работи за озрачен метален отпад, техничка опрема со извори на зрачење или медицински производи.

Елена Буглова, шеф на одделот за нуклеарна безбедност на МААЕ, предупреди дека бројките покажуваат дека нуклеарните и другите радиоактивни материјали „остануваат ранливи на безбедносни закани за време на транспортот“, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на „заштитните мерки“.

МААЕ смета дека криминалните настани се многу ретки. Минатата година само шест инциденти се поврзани со криминал. Повеќето случаи се однесуваат на отстранување или транспорт на радиоактивни материјали без соодветно овластување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk