Home » Ландо Норис ментално не е добро

Ландо Норис ментално не е добро

by Lina Muslija

Поранешниот шампион во Формула 1, Џенсон Батон, зборуваше за значењето на судирот меѓу возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Норис се судри со Пјастри, удирајќи во задниот дел од неговиот болид во самиот финиш од трката за Големата награда на Канада минатиот викенд, поради што мораше предвреме да ја заврши трката.

Ова е неговото прво откажување (трка што не ја заврши) и го чинеше клучни бодови во борбата за титулата, бидејќи сега е 22 бода зад Пјастри.

  • Ова е момент кога стана јасно дека Ландо Норис не е добро ментално и ќе видиме дали ќе излезе посилен од ова. Мислам дека ќе излезе, дека има доволно самодоверба и способност да покаже дека е добар возач, возбуден сум за неговите следни потези, истакна Батон, кој и самиот возеше за Мекларен Мерцедес.

Џенсон Батон коментираше за интензивната борба за позиција во Мекларен и го пофали таквиот пристап, предупредувајќи дека тоа не треба да се зема здраво за готово и дека шампионската титула е најважна работа.

  • Ми се допаѓа што имаме борба во тимот, бидејќи ова е вистинска битка за светската титула. Добро е да се види како се борат жестоко еден против друг. Ова е моментот кога треба да го фатат бикот за роговите, бидејќи никогаш не знаете кога ќе дојде следната можност – или дали воопшто ќе дојде. Сè може да се промени со новите правила, додаде Батон.

Неговите зборови јасно алудираат на важноста да се искористат максимално шансите кога се во натпреварувачки болид, бидејќи Формула 1 не гарантира долгорочна доминација за никого, вклучително и за Мекларен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk