-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Land Rover го започна производството на Defender во фабриката во Нитра

Најчитани вести

Модерната реинтерпретација на легендарниот Land Rover Defender влезе во производство во фабриката во Нитра (Словачка), а првите примероци во продажните салони се очекуваат на крајот на првиот квартал на следната година.

Производителот најави дека првично во продажба ќе се појави изведбата 110, а Land Rover ќе им овозможи на купувачите поголем избор во однос на погонските единици и пред се нивоата на опременост и опциите за персонализација на секој примерок.

Инвестицијата од 1,9 милијарди евра во фабриката во Нитра овозможува годишна продукција од 150.000 примероци, која дополнително може да биде зголемена, а Jaguar Land Rover обезбеди напредна технологија, но и поеколошки и поефиксен концепт при производството на оваа европска локација.

Монокок алуминиумската шасија е една од најважните промени во креирањето на концептот за модерниот Defender, a покрај поголемата цврстина, овозможува и подобра соработка со класична или воздушна независна суспензија.

Традицијата е задржана со изведбите 90 и 110, при што втората е достапна со седум седишта, додека кај првата со три врати, може да се користи опцијата за трето седиште напред, чија позиција е меѓу возачот и совозачот. Капацитетот на багажникот со користење на седум седишта е 231 литар, додека максималниот капацитет на Defender стигнува до 2.380 литри.

Различните предизвици за овој Land Rover се филтрираат и преку системот Terrain Response 2, кој со четири режими на возење ги адаптира суспензијата, трансмисијата, управувањето и друго, со цел што поефикасно и порелаксирано да се совлада предизвикот на патот. Во оф-роуд авантурите помагаат и погонот на четири тркала, редуктор, блокирање на централен и заден диференцијал, како и клиренсот од речиси 30 сантиметри кој е надополнет со можност за минување преку водена површина до длабочина од 90 сантиметри.

Технолошкиот шок е поврзан со безбедносните системи кои се задолжени за асистенција во одредени ситуации, Land Rover Defender ќе импресионира и со Pivi Pro инфо-забавниот систем кој вклучува 10-инчен екран и голем број опции, вклучувајќи ја и врвната конективност. Во ентериерот се чувствува внимателно избраната комбинација на луксузни материјали, со што новиот Defender нема да заостанува по ова прашање ниту во однос на адутите на Range Rover портфолиото.

Основните изведби започнуваат со 2.0-литарските Ingenium мотори, дизел изборот е меѓу моќност од 200 или 240 коњски сили, додека бензинскиот мотор испорачува 300 коњски сили, за спринт од место до 100 км/ч за 8,1 секунда. Купувачите на располагање ќе ја имаат и P400 изведбата со мотор со шест цилиндри, која е „благ“ хибрид и стигнува до 400 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm. Сите мотори користат осум-степена трансмисија со двојна спојка на ZF, a наредната година се очекува и плаг-ин хибридна изведба на Defender.

Во 2020 година ќе може да се порача и Defender 90 изведбата, а за кратко време може да се очекува и плаг-ин хибрид Defender.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести