13 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Lancia со поголема продажба од Alfa Romeo

Најчитани вести

Една од одлуките по кои е запаметен сега покојниот, а некогашен прв човек на Fiat, а потоа и FCA, Серџо Маркијое е повлекувањето и маргинализирањето на брендот Lancia. Под негово водство овој бренд беше повлечен од европската сцена и насочен само во Италија каде егзистира само со еден модел во понудата – Ypsilon.

Со тоа сите предвидуваа црно сценарио за овој бренд, меѓутоа последните податоци поврзани со продажбата го покажуваат спротивното – Lancia има поголема продажба во првите шест месеци во Европа отколку Alfa Romeo.

Така во првата половина од годината Lancia продаде 34.691 автомобил додека Alfa Romeo само 27.702 автомобили. Овие бројки покажуваат две работи. Прво Lancia и натаму има потенцијал иако има само еден модел во понудата и се продава во Европа и второ, Alfa Romeo воопшто не го исполнува планот од половина милион продадени возила, па оттука и натаму е потребно уште многу работа за враќање на овој бренд на старите славни патеки.

Оваа вест предизвика големо задоволство кај вљубениците на Lancia автомобилите и кај истите се врати надежта дека наскоро би можело овој бренд да воскресне.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести