2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Lamborghini Urus постави брзински рекорд на Бајкалско Езеро

Најчитани вести

Lamborghini првпат учествуваше на Деновите на брзината на замрзната површина на Бајкалско Езеро. Супербрзиот СУВ-модел Urus постави рекорд во забрзување од место до 1.000 метри, со просек од 114 km/h.

Управуван од 18-кратниот рекордер на Деновите на брзината, Русиот Андреј Леонтиев, максималната брзина што Urus ја постигна при рекордниот спринт изнесуваше 298 km/h, во услови на предупредување поради загревањето на мразот на најдлабокото езеро во светот.

При тренинзите, брзиот СУВ-модел на Lamborghini постигна 302 km/h. Официјалните податоци регистрирани од ФИА и од Руската автомобилска федерација ќе бидат објавени во следниот месец. Lamborghini Urus прикажа исклучителни перформанси и управливост на замрзната подлога, и покрај драстично намалената тракција со подлогата и силниот ветар.

Lamborghini Urus користи 4,0-литарски V8 твинтурбо со моќност од 650 КС при 6.000 вртежи (max. 6.800) и максимален вртежен момент од 850 Nm при 2.250 вртежи. Со моќност од 162,7 КС на литар, Urus постигнува специфична моќност што е меѓу највисоките во класата и најдобар сооднос меѓу тежината и моќноста од 3,38 килограми на КС. Urus забрзува од 0-100 km/h за 3,6 секунди, од 0-200 km/h за 12,8 секунди и постигнува крајни 305 km/h.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com