Lamborghini Huracan Performante Diabolico со 666 коњски сили

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Германската компанија “Wheelsandmore” која се занимава со доработка на продукциските модели, го унапреди моќнниот Lamborghini Huracan Performante.

Унапреденото издание на Lamborghini Huracan Performante, симболично наречено “Diabolico” поради бројот на коњски сили, моќниот автомобил на италијанската компанија доби дополнителни 26 коњски сили, па сега располага со „ѓаволски“ 666 коњски сили.

Имено, “Wheelsandmore” со помош на најнов софтвер го „збогатиле“ атмосферскиот 5,2 V10 за 20 коњски сили и 22 Nm. На тој начин била постигната сила од 660 коњски сили, а уште 6 коњски сили биле добиени благодарение на унапредениот издувен систем.

Освен купе верзијата, германската тјунинг компанија “Wheelsandmore” на купувачите ќе им понуди и Huracan Performante Spyder верзија.

Софтверското унапредување се наплаќа 2,520 евра, а новиот издувен систем 4,831 евра, а останатите аеродинамички доработки ќе чинат дополнителни 982 евра./tocka.com.mk

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.