Home » Ламбе се присети на песната која ја напишал по смртта на мајка му: Тоа е таговна радост

Ламбе се присети на песната која ја напишал по смртта на мајка му: Тоа е таговна радост

by Журнал.мк

Поп пејачот Ламбе Алабаковски (36) се присети на песната која ја напишал пред 13 години, како што вели, во време кога бил буквално скршен од загубата на мајка му.
Тој на својот профил го објави видеото од песната „Биди пријател наш“, која беше наменета за поддршка на децата од СОС Детско Село, по повод јубилејот, десет години од постоењето на институцијата.

Покрај Ламбе, како коавтор на песната е Дарко Димитров, а текстот е на Огнен Димиторвски.

– Пред 13 години тогаш буквално скршен од загубата на мојата мајка сум ја напишал оваа песна – музиката! Навистина тогаш како амбасадор на СОС Детското село во Македонија, а и денес после толку време оваа песна буди помешани чувства во мене, би рекол како еден мој драг пријател, ќе цитирам – Таговна радост!
Засекогаш еден убав спомен во моето срце од овие „радосно таговни“ дечиња судбини и насмевки. Ми е особено чест и мило што мојата маленкост ги направи бар на момент среќни… и голема почит за сета љубов и грижа и мисија на СОС детско село кон ваквите деца, истакна Алабаковски.

За пејачот кого македонската јавност го запозна во 2004 година, кога имаше само 16 години, и стана инстант тинејџерска ѕвезда по победата на музичкото шоу ,,Плеј – потрага по ѕвезди” во минатото се пишуваше многу. Тој заедно со неговите колешки Елена Ристеска и Александра Пилева во тој период беа новите лица на естрадната сцена, и ги полнеа локалите во кои настапуваа, како и насловните страници во медиумите.

Детството и раната младост ги поминал во Љубојно, мало место на околу 2 километри од Преспанското Езеро. Живеел заедно со родителите, мајка му Маријана, татко му Лазар, постариот брат Андреј, баба му Менка и дедо му Ламбро, по кого го добил името.

Во екот на неговата најголема популарност, во мај 2006 година, по боледување почина неговата мајка Маријана. Тогаш тој имаше 18 години, а лошата вест ја дочека во Атина, Грција, на Евровизија, каде беше дел од екипата на Елена Ристеска.

Неговите блиски раскажуваа дека избегнувал да зборува за големата болка која му ја нанесе животот, но продолжил да пее поради мајка му, која секогаш му била голема поддршка во кариерата и многу се гордеела со него.

Инаку, песната „Биди пријател наш“ премиерно беше изведена во Универзална сала во Скопје во 2010 година, на голем концерт хуманитарен под мотото „Биди пријател наш“, кој се одржа за поддршка на децата од СОС детско село. Тогаш покрај Ламбе, настапија десетици познати музичари од земјава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More