Home » Лацио со драматичен старт на 2022 – Милинковиќ-Савиќ спаси реми во 93. минута!

Лацио со драматичен старт на 2022 – Милинковиќ-Савиќ спаси реми во 93. минута!

by Журнал.мк

Новата 2022 година започна драматично за тимот на Лацио, откако на „Олимпико“ едвај извлекоа 3:3 реми со Емполи со 2:3, откако во финишот прво им беше поништен еден гол, а потоа утнаа пенал!

Мечот започна со фуриозна игра на гостите и два гола за само 8 минути. Недим Бајрами уште во шестата минута од пенал ја затресе мрежата на домаќините, пред Шимон Зурковски две минути подоцна да зголеми на 0:2.

Лацио се созедоа и во 14. минута намалија на 1:2 преку Чиро Имобиле, пред во 66. минута, Сергеј Милинковиќ-Савиќ да израмни на 2:2. Федерико ди Франческо во 75. минута пак ги донесе Емполи во водство, пред прво на Патрик во 78. минута да му биде поништен гол поради играње со рака, а потоа во 85. минута Имобиле да утне од белата точка. Сепак, поен за тимот на Маурицио Сари обезбеди Милинковиќ-Савиќ со својот втор гол во 93. минута од мечот.

СЕРИЈА А, 20.КОЛО

Лацио – Емполи 3:3

Специја – Верона 1:2

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More