Home » Ла Лига ги почести фановите со магијата на Чави крај клупата за резерви: Класата е вечна (Видео)

Ла Лига ги почести фановите со магијата на Чави крај клупата за резерви: Класата е вечна (Видео)

by Lina Muslija

Барселона запиша победа над Севилја во дербито кое се одигра во петокот и полека се фокусира на вториот предизвик во Лигата на шампионите, но во меѓувреме, Ла Лига ги потсети фановите на една магија од натпреварот пред една недела, кога каталонскиот гигант играше против Мајорка.

Барса одигра само 2:2 на гостувањето и не успеа да освои планирани три бода на „Сан Моиш“, но покрај четирите видени гола, сите кои го гледаа мечот преку ТВ преносот можеа да видат и една магија на Чави.

Иако поминаа седум дена, Ла Лига процени дека е вистинско време да се прикаже истата, па фудбалските фанови кои не го гледаа мечот, сега останаа воодушевени од потегот на легендарниот капитен.

Чави важеше за вистински фудбалски мајстор во играчката кариера и посебно се истакнуваше неговата техника, која очигледно е дел од него и сега како тренер.

– Класата е вечна…..

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More