Home » Кузеска: Наместо аматерски скечеви, пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото уставно име

Кузеска: Наместо аматерски скечеви, пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото уставно име

by Журнал

Додека ДПМНЕ сее лаги и манипулира, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец.

„Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ. ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши. Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување. Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да го добијат пасошите со недели. Од друга страна ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се сменат обврски од меѓународен договор. Така, ДПМНЕ создава уште поголем проблем за граѓаните, пасошите да им важат само дома, кадешто не им требаат а да не важат во други држави, каде што им требаат“, рече Кузеска.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сака само да се прекрши Преспанскиот договор а граѓаните и натаму да ги враќаат од граници, бидејќи законот ќе важи само во Македонија.

„Наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни счекеви на границите, пратениците на ДПМНЕ нека ги вратат дипломатските пасоши и нека го повикаат нивниот министер да си ја работи работата“, рече Кузеска.

Претходно, пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со автомобил тргнаа кон македонско-бугарската граница, со цел, како што рекоа, да проверат дали ќе им биде дозволен излез од државата со патните исправи со старото име. Пратениците објавија дека границата успеале да ја поминат со дипломатски пасош со старото име, а биле спречени со регуларниот со Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повика функционерите од СДСМ и ДУИ да се откажат од дипломатските пасоши и да сочувствуваат со граѓаните кои се затворени како во конзерва.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More