Home » Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу С. Македонија и Турција да достигне 2 милијарди долари

Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу С. Македонија и Турција да достигне 2 милијарди долари

by Журнал.мк

Претседателот на големото Национално собрание на Турција – Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на С. Македонија, вели дека парламентарната соработка ги следи севкупните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, но исто така очекува двојно зголемување на турските инвестиции во земјава.

– Како што и Вие истакнавте, помеѓу двете земји постојат блиски односи кои се рефлектираат и во самата економска соработка. Кога сме кај билатералниот трговски обем помеѓу нашите две земји, трговскиот обем се движи приближно до една милијарда долари и сметаме дека е недоволно. Сметаме дека билатералниот обрт од две милијарди долари е реална цел која може да се достигне и знам дека и кај двете страни има волја да се развива обостраната трговија. Знаеме дека во земјава има голем број турски инвеститори кои според моите познавања и информации кои ги имам нудат вработување за над 10.000 граѓани на оваа земја, истакна Куртулмуш.

Турските компании, додава тој, се присутни и во инфраструктурните проекти, но го нагласува и фактот дека во октомври во земјава е отворена регионална канцеларија на компанијата од одбранбената индустрија „Аселсан“.

– Секако дека во оваа прилика би сакал да го потцртам фактот дека во одбранбената индустрија имаме развој на билатералната соработка, фактот дека турската државна компанија од одбранбената индустрија „Аселсан“ отвори канцеларија во Скопје, која не е одговорна само за Северна Македонија туку и за целиот балкански регион. Мислам дека е многу значајна во насока на продлабочување на нашата соработка, рече тој.

Во однос на соработката во туризмот, вели Куртулмуш, С. Македонија има исклучително место за турските туристи особено Скопје и многу други градови, кои како што посочи, се многу слични како старите османлиски градови како Бурса, Маниса и Амасија.

– Земјата и градот имаат огромни историски и културни богатства и со тоа земјата и градот стануваат туристичка атракција која привлекува се поголем број на туристи. Сметам дека билатералната економска соработка ќе продолжи да се развива и во иднина, истакна Куртулмуш.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk