Тибо Куртоа вчера беше еден од главните актери на дербито меѓу Атлетико и Реал Мадрид, средба на која имаше неколку добри интервенции, но воедно и меч во кој имаше препирки со домашните фанови кои донесоа прекин во второто полувреме од 15-20 минути.
Белгиецот го заврши натпреварот, ама веднаш по истиот тренеро Карло Анчелоти обелодени дека Белгиецот има одреден проблем со мускулот и ќе мора да се направат дополнителни тестови за да се дознае тежината на повредата.
Денеска се огласија од таборот на „кралевите“ потврдувајќи го проблемот на левата нога притоа не откривајќи го периодот кој е потребен за пауза, закрепнување. Медиумите пак пренесуваат дека Тибо ќе биде во „аут“ две-три седмици што значи нема да пропушти многу натпревари со оглед на тоа што следи делот наменет за репрезентациите.
Имено голманот ќе ги скокне дуелите со Лил во ЛШ и со Вилјареал во Примера, а ако нема некој дополнителен проблем ќе биде во комбинација за соочувањето со Селта Виго на 19 октомври.