13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Курти: Предвремените парламентарни избори во Косово се референдум

Најчитани вести

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, оцени дека следните предвремени парламентарни избори во суштина се референдум за Косово. Курти на својот Фејсбук профил напиша дека „по седум месеци се покажа она што се знаеше од самиот почеток“, дека станува збор за „залуден избор на влада“, како и за „незаконски, неуставни избори“. „Изгубивме многу години, не само месеци. Овие избори не се предвремени, тие се одложени. Овие избори се референдум, 14 февруари е лошата политика пред народниот суд. Работа, образование, правда и здравство, тоа е она што граѓаните го сакаат“, напиша тој.

Курти претходно одби да ги коментира различните толкувања на одлуката на Уставниот суд дека нема да има право да се кандидира за парламент, а подоцна и за косовски премиер. Курти рече дека партиските тела наскоро ќе одлучат кој ќе биде на списокот за пратеници и со кои кандидати за премиер. Според последните анкети на јавното мислење, движењето Самоопределување е поддржано од повеќе од 50 проценти од гласачите во Косово. Централната изборна комисија на Косово донесе одлука кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 14 февруари да се спроведе од 3 до 12 февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести