Home » Курти повторно ја седна на маса албанската опозиција со Таравари

Курти повторно ја седна на маса албанската опозиција со Таравари

by Журнал

Косовскиот премиер Албин Курти организира нова средба со лидерите на албанската опозиција во земјава, Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами, како и со лидерот на владејачката Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Според нашите неофицијални информации, средбата се одржува моментално во Приштина, а на неа присуствува и Беким Ќоку, поранешен пратеник од ДПА и функционер на АА, кој сега има улога на советник на Курти за Македонија и на следните избори се очекува да биде носител на пратеничка листа во петтата изборна едница.

Ова е втора последователна средба во овој состав, откако веќе имаше една пред Нова Година, кога, како што пишувавме, се разговарало и за „потребата за промени во албанскиот блок“, со тоа што единствена енигма останува дали и Таравари ќе се приклучи кон опозицискиот блок на Беса, Алтернатива и Демократско движење.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More