Home » Курти: Косово лани забележа највисок економски раст од осамостојувањето

Курти: Косово лани забележа највисок економски раст од осамостојувањето

by Журнал.мк

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека неговата држава во изминатата година забележала економски раст од 9,9 отсто, што претставува највисок раст од прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање по денешната средба со пратениците во германскиот Бундестаг, Кристиан Петри од Социјалдемократската партија и Борис Мијатовиќ од Партијата на зелените, Курти нагласил дека и косовскиот буџет за тековната година е највисок од проласувањето на независноста на државата.

Според косовскиот премиер, во годината во која тој ја презеде власта по убедливата победа на неговата партија, Движење самоопределување, на парламентраните избори минатиот февруари, забележан е пораст на царинските приходи, извозот, буџетскиот прилив и странските инвестиции.

– Тој (Курти) информира дека, според Централната банка на Косово, економскиот раст изнесува 9,9 отсто, што е најголем економски раст од прогласувањето на независноста. Буџетот за 2022 година е најголемиот буџет досега на Република Косово, со пораст од 12 отсто споредено со буџетот за претходната година. Според економските индикатори, домашното стопанство има добри перформанси, со пораст на царинските приходи со над една третина споедено со претходната година. Извозот е зголемен за 66 отсто, приливите во Буџетот за 30 отсто, а странските инвестиции за 53 отсо, се вели во соопштението од службата за информирање на кабинетот на Курти.

Пратениците на владејачките партии во германскиот Бундестаг, според соопштението, изјавиле дека актуелната коалиција на власт во Германија посветува „зголемено внимание“ на Косово и на Балканот и ветиле „поддршка во реализацијта на заедничките објективи“ во регионот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More