Home » Куо: Apple Watch Series 10 ќе добие поголем екран и потенок дизајн

Куо: Apple Watch Series 10 ќе добие поголем екран и потенок дизајн

by Журнал.мк

Годинaшниот Apple Watch Series 10 ќе биде потенок и ќе има поголеми димензии на екранот во споредба со претходните модели, предвидува познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо.

Во својата најнова индустриска белешка споделена на Medium, Куо истакна дека опциите за големината на екранот на следната генерација на Apple Watch ќе се зголемат од 41 на 45 мм и од 45 на 49 мм, додека се сместени во потенко куќиште. Само за споредба, Apple Watch Ultra исто така има куќиште од 49 мм.

Што се однесува до Apple Watch Ultra, Куо рече дека ќе остане „приближно ист“ оваа година, и доколку производството ги исполни очекувањата, би можела да биде достапна нова опција во темна/црна боја на куќиштето.

Apple ќе започне да ја користи и технологијата за 3D печатење за производство на компоненти на Apple Watch подоцна оваа година, по опсежните тестирања кои значително ја подобрија ефикасноста на производството. Куо рече дека BLT ќе биде снабдувач на 3D-печатените компоненти.

Bloomberg претходно објави дека Apple Watch за 2024 година може да биде означен како „Apple Watch X“ за да ја прослави 10-годишнината од лансирањето на првиот Apple Watch, но Куо не ја спомена оваа можност во својата последна белешка. Bloomberg наведе и дека Apple размислува за систем за прицврстување со магнетна лента што ќе овозможи дизајнот да биде потенок, но не е јасно дали системот ќе биде подготвен или присутен на Apple Watch Series 10, што се очекува да биде претставен во септември оваа година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More