Home » Куманово повторно со високо аерозагадување

Куманово повторно со високо аерозагадување

by Журнал.мк

Куманово сè уште меѓу градовите со високо аерозагадување. Мерните станици покажуваат дека дозволениот праг на концентрацијата на штетните честички е неколкукратно надминат. Аерозагадувањето ја полни и кумановската болница. На удар се пациентите со белодробни заболувања. Граѓаните велат се потешко се дише. Воздухот најмногу е загаден во вечерните часови. Повеќето избегнуваат престој на отворено.

„Се чувствува и тоа многу, апсолутно влијае, особено за нас постарите, најмногу порано ајде фабрики сега нема, мислам дека од автомобили и домаќинствата“, истакна кумановец.

„Се чувствува овде и во Скопје повеќе, јас дишам отежнато, сега бев на лекар“, вели друга кумановка.

„Шетам цел ден катастрофа е, посебно на кеј заминете, не знам дали палат гуми, пластика, навистина е ужас“, дополнува трет кумановец.

Од почетокот на годинава надлежните втор пат излегоа со препорачани мерки. Да се користи јавниот превоз, да се внимава што се согорува во домаќинствата и да се намалат прошетките. Градот продолжува со примена на краткорочни и долгорочни мерки за справување со аерозагадувањето. Се врши аеросолизација на улиците, јавниот превоз е бесплатен, се реализираат акции за пошумување. Се субвенционира приклучокот на гасификација, но и набавка на клима уреди.

„Ние тешко загадување во градот како тешка индустрија немамеглавниот проблем е греењето на огревно дрво и мислам дека доколку вложуваме во континуитет како општина но притоа и таму кај што ќе вложимеграѓаните да се приклучуваат на гасификација мислам дека и го постигнеме тој ефект да го намалиме загадувањето“, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Извршениот мониторинг покажа дека во Куманово најмногу загадуваат домаќинствата, сообраќајот и палење оган и отпад на отворено.

Анализите покажуваат и дека несоодветните урбанистички планови, изградбата на домовите околу реката, дополнително ја влошува состојбата со аерозагадување во Куманово.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk