Home » Куманово има техничка вода, Центарот за јавно здравје ќе потврди кога ќе биде за пиење

Куманово има техничка вода, Центарот за јавно здравје ќе потврди кога ќе биде за пиење

by Журнал.мк

Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, граѓаните од „Народна Револуција“, од „Франц Розман“, „Бајрам Шабани“, граѓаните од делот во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното градско подрачје, според информациите, целосно е стабилизирано водоснабдувањето.

– Над 80 отсто од граѓаните непречено добиваат вода од водоснабдителниот систем. Во текот на наредните неколку часа се очекува целосно стабилизирање во сите делови од градот. Напомнуваме водата да се користи како техничка, се до конечна потврда од Центарот за јавно здравје кои треба да направат три последователни анализи кои ќе ја потврдат исправноста на водата на пиење, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојамновски.

По првата анализа резултатите се очекуваат во рок од 48 часа, а потребни се три последователни анализи.

И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски информираше дека водоснабдувањето полека се стабилизира и ќе се надмине проблемот во текот на наредните часа.

-Извинување во мое име и благодарност до сите граѓани за разбирањето за настанатата хаварија и нарушениот процес на водоснабдување на градот поради лошите временски услови. Благодарност до екипите на ЈП „Водовод“ кои многу посветено и професионално го санираа овој проблем со водоснабдување на градот, вели Димитриевски.

Во текот на денот ќе се одржи уште еден состанок на општински штаб за заштита и спасување.

Вчера утрото надлежните информираа дека водата е заматена поради обилните дождови во Липковско. Во текот на вчерашниот ден кумановци немаа вода, освен неколку населби кои се снабдуваат со вода од „Митев мост“ и Бедиње.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More