Home » Куманово ќе субвенционира трошоци за домување

Куманово ќе субвенционира трошоци за домување

by Журнал.мк

Општина Куманово ќе субвенционира трошоци за домување на материјално и станбено необезбедени лица, информираа денеска од секторот за социјална заштита. Оваа мерка можат да ја користат корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2025 материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија).

– Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита). Потребната документација се доставува до архива на општина Куманово од до 16 февруари, годинава, изјави раководителот на секторот, Александар Крстевски.

Покрај барањето, заинтересираните треба да поднесат, лична карта, решение издадено од Центарот за социјални работи Куманово којшто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош, договор за наем на стан/куќа, активна трансакциска сметка.

Овие лица паралелно можат да користат и субвенции за комуналии, за сметки за вода и смет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk